Научнофантастичниот трилер „Dark“ е новиот хит на Netflix, и германската серија официјално добива втора сезона, откако денеска од Netflix беше потврдена оваа информација. „Dark“ инстантно стана хит кај претплатниците на Netflix, иако на почетокот имаше сомнежи дали таа ќе успее да се „залепи“ така добро како „Stranger Things“ или „Black Mirror“, поради тоа што серијата е комплетно на германски јазик. Netflix излегоа со изјава дека „Dark“ е една од нивните најгледани серии годинава, и дека не треба да нѐ изненадува тоа што серијата е обновена и за втора сезона. Во првите десет епизоди кои ја комплетираа првата сезона, „Dark“ се наметна кај гледачите како мешавина од хорор и мистерија, со дејство фокусирано на исчезнувањето на две деца кое е обвиено со многу чудни феномени. Секако, доби доста споредби со „Stranger Things“, а од Netflix велат дека голем дел од истата публика ги гледала и двете серии, што било и почетниот план. Серијата беше поставена на тој начин што се оче...